Повик за преведувачки услуги на албански јазик 

Posted on: 17/09/2020

Џуниор Ачивмент Македонија во рамки на проектот “Поддршка за претприемничко образование во Европа и Евроазија” финансиски поддржан од УСАИД и ФИТР распишува отворен повик за избор на услуги за превод на албански јазик.
Проектот има за цел да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и подготвеност за работа. Проектот соработува со средните училишта, ученици, наставници, родители и други  организации,
Потребата на проектот е за превод на албански јазик на материјали од програмските активности, како и кратки објави за планираните настани.   Обемот на превод се очекува да биде повремен за кратки објави, а за планираните настани прецизно ќе се најави обемот и очекуваниот период.

Постапка за изразување интерес

Доколку сте заинтересирани ве молиме поднесете:

  • Понуда изразена во износ на превод по страна од 1,800 карактери со проред (нето сума)
  • Препораки / референци за направени преводи

Рок за пријавување на отворениот повик е 30ти септември 2020 година до 16часот. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на info@jamacedonia.mk