Видео сесии со наставници за онлајн спроведување на програмата за УК во септември

Posted on: 06/09/2020

Драги наши наставници,

Џуниор Ачивмент Македонија продолжува во поддршката на наставниците за спроведување на програмата за ученички компании и оваа учебна година. 

Подготвивме голем број обуки на теми кои се интересни и кои ќе ги зголемат вештините и компетенциите на секој наставник, не само за нашата програма, туку и во работењето со учениците во предизвиците во образовниот процес.

Првите кратки сесии за споделување искуства и спроведување на програмата за ученичка компанија онлајн ќе се одвиваат во текот на месец септември. 

На 2, 4, 9 и 11 септември 2020 ќе се одржат првите видео сесии. Останатите ќе следат според договор и број на пријавени наставници. 

Побрзајте да се пријавите за некоја од сесиите кај програмскиот асистент Милан Спировски на е-мејл milan@jamacedonia.mk најдоцна до 31 август 2020.

Ве охрабруваме да формирате ученичка компанија и да станете дел од сите новини и можности кои ви се нудат преку нас. 

Ве очекуваме, 

Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија.