Ги имаме победниците на Националниот натпревар на ученички компании 2020

Posted on: 23/06/2020

Ученичката компанија “Соундси” од средното училиште Георги Димитров од Скопје, го освои првото место на Националниот натпревар на ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија.

Во состав:

1. Амелија Ебип

2. Филип Петковски

3. Андреј Трајковски

4. Дамјан Стојановски

Со наставник ментор: Оливер Стојановски 

Ученичката компанија се занимава со производство и продажба на акустични производи од дрвен отпад од производство на мебел. Звучниците работат без извор на енергија со едноставно поставување на телефонот во отворот , при што звукот од телефонот се движи само во една насока – нагоре и на овој начин веднаш се зголемува тонот. Мисијата на Соундси е да биде пример за користење обновливи ресурси со почитување на стандардите на стручност, професионалност и етичност на пазарот, создавајќи производи за оние кои сакаат да поминуваат време во природа.

Второ место на Националниот натпревар – ТИМ 21

“Солар Бег СБФ” од СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија

Во состав:

1. Душко Јанев

2. Никола Биков

3. Пепица Јованова

4. Ангелина Несторова

5. Слободанка Савиќ

Со наставник ментор: Јасмина Мицева

Тимот ученици понуди иновативно решение „Еколошка торба – SBF (Solar bag for the future)“, која применува термо-електрични ефекти од областа на физиката со цел правилно искористување на енергијата од досега најголемиот и најдолготрајниот извор, Сонцето.

Трето место на Нациналниот натпревар – ТИМ 20

“СИКЕРС” од СУГС Владо Тасевски од Скопје

Во состав:

1. Александар Мишовски

2. Кристијан Анѓелкоски

3. Аце Ѓорѓиевски

4. Дарко Петровски

5. Дарко Тарчуговски

Со наставник ментор: Весна Живаљевиќ

Тимот ученици понудија платформа која им помага на учениците во изработувањето на практичните вежби кои се задолжителни во трите струки во нивното училиште. Преку видео туторијали поставени на веб сајтот на училиштето ќе им помогнат на учениците во изработка на потребните вежби и ќе создадат дигитална видео библиотека достапна за сите ученици во училиштето.