Промотивен настан на Алумни клубот на Џуниор Ачивмент Македонија- 09.03.2020

Posted on: 06/03/2020

Придружете ни на 9ти март во просториите на Млади Хаб, со почеток од 18:30 часот за да дознаете нешто повеќе за нашиот клуб и можностите кои ги нуди, како и да слушнете искуство од прва рака, на учениците  и други засегнати страни.  

Џуниор Ачивмент Македонија Алумни е дел од Џуниор Ачивмент Македонија. Целта на Џуниор Ачивмент Македонија Алумни е вмрежување на лицата кои биле дел од програмите на Џуниор Ачивент Македонија за претприемничко образование и да им овозможи  да продолжат со развивање на претприемачки вештини и компетенции. Преку оваа алумни организација, сакаме да им дадеме шанса на сите претходни учесници подобро да се запознаат меѓусебно, да споделуваат идеи па дури и да најдат партнери за нивни понатамошни бизнис идеи, не само со младите во Македонија, туку и низ цел свет.