Потпишан Меморандум за соработка меѓу Џуниор Ачивмент Македонија и Агенција за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија 

Posted on: 24/02/2020

Во улогата на посредник помеѓу креаторите на политиките и малите и средни претпријатија и одржувајќи ја блиската партнерска соработка и постојана комуникација со сите институции кои се занимаваат со промоција на претприемништвото и поддршката на мали и средни претпријатија на 21.02.2020 Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија. Повеќе информации за Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија прочитајте на нивниот веб сајт –  http://www.apprm.gov.mk/