Промотивен настан “Зелени идеи 2020”

Posted on: 12.02.2020

Џуниор Ачивмент Македонија присуствуваше на промотивниот настан за натпреварот „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020“ кој го организира Здружението за социјални иноваци „АРНО“ во просториите на “Јавна соба” на 11 февруари 2020 год. Се очекува „зелените идеи“ да придонесат кон подобрување и заштита на животната средина, со користење ресурси од локалната заедница и да придонесат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците). Во последните неколку години „да се биде зелен“ станува сè поатрактивно како бизнис стратегија за ученичките компании во нашата мрежа.