Избор на најпретприемничко средно училиште 2020

Posted on: 31/01/2020

Џуниор Ачивмент Македонија оваа учебна година 2019/2020 сака да ја препознае и награди работата на сите оние кои сте вклучени во програмата за ученички компании и да го прогласиме вашето училиште за најдобро во областа на претприемничко образование.

За таа цел објавуваме конкурс за избор на најпретприемничко средно училиште на годината 2020.

Пополнетата апликација треба да се испрати на емаил адресата info@jamacedonia.mk најдоцна до 21.02.2020 (петок) до 19:00 часот. Апликациите испратени по рокот нема да се земаат во предвид.

Пристигнатите апликации од страна на заинтересираните средни училишта ќе ги оценуваат членови на жири комисија.

Прогласувањето на победникот ќе биде на 23 јуни 2020 година во рамки на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија за учебната година 2019-2020.