Соработка за унапредување на претприемничко образование во средните училишта

Posted on: August 29, 2019

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружението Џуниор Ачивмент Македонија, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука со поддршка на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија.

Потпишувањето на овој Меморандум има цел да ја унапреди соработката помеѓу  институциите во полето на претприемничкото образование во сите средни училишта во државата како и да отвори дијалог меѓу потписниците за прашања поврзани со образованието на младите, создавање  план за вработување и подготвеност за работа.

Вклученост на претставниците од образовните институции на меѓународни настани, панел дискусии и работилници организирани од Џуниор Ачивмент низ цела Европа ќе ги прошири границите на разменети знаења и запознавање со актуелните трендови во областа на претприемникото учење.Голем придонес кон креирањето нови вештини и знаења за наставниците и учениците ќе дадат и активностите на проектот преку сертифицираниобуки, кампови на иновации и натпревари на ученици.

Со овој здружен документ, институциите покажуваат дека градењето претриемничка нација не е краткотраен процес, туку дека претприемничкиот дух ја гради иднината, а образованието и наставниците се тие што треба да го поттикнат и овозможат развојот на претприемничките способности кај младите. Исто така, со овој меморандум се поддржува програмата на Џуниор Ачивмент која им овозможува на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата и создавање на бизнис ориентирана младина, што е еден од столбовите за самоодржливост на земјата.

https://www.kanal5.com.mk/articles/387055/sorabotka-za-unapreduvanje-na-pretpriemnichkoto-obrazovanie-vo-srednite-uchilishta

https://sitel.com.mk/sorabotka-za-unapreduvanje-na-pretpriemnichkoto-obrazovanie-vo-srednite-uchilishta

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.